spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на прометот во индустријата, ноември 2023 година

ДЗС: Индекси на прометот во индустријата, ноември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 95.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември
2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 14.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.5 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува
100.9, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември 2022 година,
изнесува 102.2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022
година, изнесува 101.6.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 42.1 %, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 1.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај
Интермедијарни производи, освен енергија за 8.9 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023
година, изнесува 98.2, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември
2022 година, изнесува 102.1.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022
година, изнесува 93.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2023 година, во
однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 15.1 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 4.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2023 година, во однос на октомври 2023
година, изнесува 101.2, додека во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот јануари – ноември
2022 година, изнесува 102.2.

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...