spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска: УНИЦЕФ останува верен партнер на МТСП

МТСП: Тренчевска: УНИЦЕФ останува верен партнер на МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  заедно со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани го потпишаа едногодишниот план за работа кој ги вклучува канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика.

 

Главниот фокус на програмата е на Социјална политика, заштита од насилство, предучилишно образование. Целта на потпишаната програма е на сите момчиња, девојчиња и семејства да им се овозможи еднаков пристап до социјалните услуги со интегриран квалитет кој што овозможува подобро здравје, грижа и нега како и заштита од негативни искуства. Воедно преку програмата треба да се овозможи на децата и младите да се развиваат и напредуваат преку квалитетно и инклузивно образование.

Министерството за труд и социјална политика во периодот кој што следи ќе се залага да му овозможи на преку детската заштита поволно опкружување во кое на детето му се дава централно место.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...