HomeМинистерстваМЗШВ: Со нови пумпи, санација на доводниот канал и поставен Скада...

МЗШВ: Со нови пумпи, санација на доводниот канал и поставен Скада систем обновена пумпната станица Марена, сигурно наводнување на 2000 хектари земјоделска површина

spot_img
spot_img

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кавадарци изврши увид на реконструираната и модернизирана пумпна станица „Марена“.

Со овој проект за реконструкција на пумпната станица „Марена“ извршена е целосна замена на старите пумпи и електромоторите, кои беа дотраени и користени повеќе од 50 години. Извршена е санација на доводниот канал до црпниот базен, со поставување на механички решетки за зафаќање на гранки и алги кои ги носи водата по каналот, како и поставување на Скада систем, со кој се следи работата на пумпите.

Значаен проект во делот на водоснабдувањето во висина од 60,3 милиони денари, национални средства на министерството, преку Инвестиционата програма на АД Водостопанство за 2023 година.

Пумпната станица „Марена“ наводнува земјоделска површина од околу 2.000 хектари долгогодишни култури. Преку овој важен проект обезбедуваме квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини од овој регион, директно помагајќи ги сите земјоделци.

Како министерство ставаме посебен акцент на навремено наводнување на земјоделските култури, кои се од исклучителна важност и се предуслов за современо земјоделско производство. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија