Oсум ученици од деветто одделение oд ООУ „Браќа Миладиновци“ од Миладиновци со нивниот супервизор – одделенскиот наставник Елена Карагунова заминаа во Швајцарија како дел од интеркултурната размена во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Во рамки на овој проект учениците ќе престојуваат во Детско село Песталоци во Троген, Швајцарија, каде со нивните врсници од Македонија и други европски држави ќе посетуваат настава, но и ќе разменат искуства во делот на безбедната училишна средина и културата во нивните училишта. Во текот на слободните денови ќе имаат екскурзии за запознавање и разгледување на градот.
Учениците ќе престојуваат во период од две седмици, а очекуваме да се вратат со нови идеи кои ќе ги пренесат на нивните соученици во Миладиновци.
Извор: Општина Илинден