spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Инклузијата на децата Роми и понатаму високо на листата на приоритети...

МТСП: Инклузијата на децата Роми и понатаму високо на листата на приоритети во сферата на социјалната и детската заштита

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставниците од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ и претставниците од Ромскиот Ресурсен Центар, при посетата на детската градинка “Астибо” во Штип, го поздравија имплементирањето на Проектот за проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно образование. 

Главна цел на проектот е што поголема инклузија на деца Роми во предучилишното образование и истиот ќе се реализира  во Дебар, Тетово и Штип. 

Во рамките на проектот, предвидени се и работилници со родителите на вклучените деца и персоналот од детските градинки.

Проектот е финансиран од Ромскиот образовен фонд и Европската Унија. 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...