Со едногласна одлука на советниците беше донесен детален урбанистички план, со којшто се вцртува маркичка за изградба на нова поликлиника.
Маркичката се наоѓа на постојната “амбуланта” која е понижувачка за сите граѓани.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност на вработените во секторот урбанизам во општина Бутел, за пожртвуваната работа за овој исклучително значаен проект.
Општината веднаш ќе преземе активности за изготвување на проектната документација за новата поликлиника. Изградбата ќе започне на почетокот на следната година.
Општина Бутел ќе добие најмодерна поликлиника во градот Скопје, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на општина Бутел.
Извор: Општина Бутел