spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Новите корисници на ученички и студентски стипендии ги добија средствата заклучно...

МОН: Новите корисници на ученички и студентски стипендии ги добија средствата заклучно со месец февруари

Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3300 ученици и 3000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. 

Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Електронската испорака на решенијата се врши преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk и документот се доставува директно на профилот на ученикот, односно студентот. Ова е новина која за прв пат се воведува годинава. 

Роковите за жалба ќе течат од моментот кога ученикот/студентот ќе го прими решението. Изработката и испраќањето на решенијата се одвива етапно, по групи на стипендии и сите апликанти за стипендија ќе добијат решение.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...