HomeОпштиниОхрид: Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“

Охрид: Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“

spot_img
spot_img

Вчера беше пуштено во употреба новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“ кое Општина Охрид го опреми со донација на „Халк банка“.

На пригодниот настан присустуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши. Градоначалникот упати благодарност за оваа донација со надеж за идна заедничка соработка. Тој истакна дека овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности кои се од големо значење за заедницата.

Детското игралиште кое е опремено со современи детски реквизити, ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.

Претходно со поддршка на „Халк банка“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, беше опремена сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“.

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте