spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Се чисти дивата депонија кај Градските гробишта

Охрид: Се чисти дивата депонија кај Градските гробишта

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ започнаа со активности за чистење на дивата депонија во близина на муслиманскиот дел од Градските гробишта. До сега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут , а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот.

Проблемот со оваа депонија е направен од страна на претходната локална власт поради несоодветно депонирање на градежниот шут и други видови на отпад oд ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Нискоградба“.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...