spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Регионалниот центар за згрижување на бездомни кучиња е изграден, ќе почне...

Велес: Регионалниот центар за згрижување на бездомни кучиња е изграден, ќе почне после изборите

Заврши изградбата на Регионалниот ценатр за згрижување на бездомни кучиња во Кавадарци. Градоначалникот Марко Колев заедно со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалниците на останатите општини на Вардарски регион го означија крајот на градежните работи за изградба и уредување  на стационарот. Во новоизградениот центар ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот со што конечно ќе се реши децениски проблем.

Стационарот ќе отпочне со работа по завршувањето на изборниот процес кога ќе има законска можност да се спроведат постапките за вработување на раководни лица.

Регионалниот центар за згрижување и третман на бездомни кучиња е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...