Почитувани,
Во рамките на реализацијата на проектот “Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава околина”, спроведен преку Центарот за развој на Вардарски плански регион на општина Демир Капија и беше доделено специјализирано возило за одржување на хигиена – метларка.
Средствата за набавка на возилото во износ од 3.941.148,00 денари се обезбедени преку Министерсвото за локална самоуправа – Биро за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.
Одржувањето на чиста животна средина е заедничка цел на секој од нас и сите активно треба да се вклучиме во унапредување на истата. Ова ново возило е само еден од чекорите кои ги правиме во оваа област и еден од многуте кои допрва следат.
Со возилото ќе се подобри хигиената и квалитетот на живот во нашата општина. Со своите мултифункционални капацитети, ќе се користи за редовно чистење на јавните површини, улици, паркови и други области каде што истото е потребно.
Продолжуваме заедно да градиме подобра Демир Капија.
Извор: Општина Демир Капија