Општина Центар во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион ќе реализира инвестиција преку проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина и смарт табли за едукација на деца”, преку меѓуопштинска соработка со Општина Чучер Сандево и Општина Чаир.
Средствата за проектот се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој – Министерство за локална самоуправа. Проектот ќе биде реализиран со кофинансирање од вклучените општини, како и стручна помош од Општина Центар, која ќе ги координира и контролира активностите, со оглед на искуствата што ги има во доменот на искористување обновливи извори на енергија.
Целта е преку инсталирање на овие фотоволтаични системи да се поддржи еколошката транзиција во локалните самоуправи и да се создадат таканаречени „зелени училишта”.
Општина Центар со склучениот Договор за две основни училишта добива фотоволтаични системи, како и 6 смарт табли, ЛЦД проектори и друга пропратна опрема.
Извор: Општина Центар