Ученици од средните училишта учествуваа на работилница ,,Менталното здравје кај младите како предизвик на новото време,,. Целта на работилницата е да се спознае свесноста за важноста на менталното здравје, кои се начините на грижа за менталното здравје и што е нарушено ментално здравје.
Преку интерактивни вежби учениците заедно со предавачите од Центарот за развој, едукација и советување Маша Марија активно учествуваа во работилницата и ги оправдаа своите очекувања. Менталното здравје ја вклучува нашата емиционална, психолошка и социјална благосостојба.Тоа влијае на начинот на кој размислуваме, чувствуваме и делуваме во различни ситуации. Менталното здравје е од суштинско значење за здрав развој на младите и нивната добросостојба.
Работилницата спроведува во рамки на проектот ,,Млади за инклузија, еднаквост и доверба,,финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈
Извор: Општина Велес