spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингШто е термински план за кредитен трансфер и како до навременото исполнување...

Што е термински план за кредитен трансфер и како до навременото исполнување на договорните обврски?

Како компанија која континуирано вложува во едукација и финансиска писменост на клиентите, Иуте постојано ги советува своите клиенти за начините како паметно и навремено да ги реализираат своите обврски за плаќања, особено за да не дојде до непотребни доцнења кои можат дополнително финансиски да го оптеретат клиентот.

Со таа намена, од особена важност е познавањето на основните принципи на терминскиот план за кредитни трансфери во земјата и странство, како суштинска алатка во раце на клиентот за  навремено исполнување на договорни обврски.

Термински план за кредитни трансфери претставува времето на прием и времето на извршување на налозите за кредитни трансфери од страна на давателите на платежни услуги.

Важно!

Имајте во предвид дека времето на прием и времето на извршување на налогот не мора секогаш да бидат исти. Ова значи дека давателот на платежни услуги може да прими налогот за плаќање денес, но не значи дека кредитниот трансфер ќе се изврши истиот ден.

Постојат три видови на кредитни трансфери:

  • Интерен – ова е трансфер кога и плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај истиот давател на платежни услуги. Во овој случај кредитниот трансфер се реализира веднаш
  • КИБС – ова е трансфер кога плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај различни даватели на платежни услуги. Во овој случај, а согласно терминскиот план на давателот на платежни услуги на плаќачот, трансферот се реализира или (1) истиот ден (најчесто доколку налогот е примен пред или до 14 часот) или (2) наредниот работен ден, доколку налогот е примен по 14 часот и во овој случај примачот на плаќањето ќе ги прими паричните средства наредниот работен ден (датум на валута). Што значи доколку иницирате плаќање во петок после 14 часот, примачот на плаќањето ќе ги добие паричните средства во понеделник.
  • МИПС – ова е трансфер кога плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај различни даватели на платежни услуги, но со означување на полето МИПС, налогот се реализира истиот ден, дури и ако е поднесен по 14 часот, но не подоцна од, вообичаено, 16.15 часот.

Зошто е ова важно за навремено исполнување на договорните обврски! 

На пример, доколку ратата за кредит доспева за плаќање денес, а клиентот поднесе налог за плаќање кој не е интерен, или е поднесен во попладневните часови (после 14 часот), примачот на плаќањето ќе ги добие парите следниот работен ден, односно клиентот ќе биде во доцнење со плаќањето на ратата еден ден. Доколку ова се случи, на пример во петок, примачот ќе ги добие средствата дури во понеделник, па на тој начин клиентот ќе биде во доцнење три дена.

Совети и практики за обезбедување навремено плаќање:

  • Дадете инструкција на давателот на платежни услуги за траен налог, согласно амортизациониот план за отплата на кредитот. На овој начин ќе обезбедите дека давтелот на платежни услуги ќе спроведе навремено плаќање по основ на склучениот договор за кредит или
  • Поднесете налог за плаќање на ратата по основ на договорот за кредит кај давател на платежни услуги кај кој и примачот има платежна сметка. На овој начин ќе обезбедите дека паричните средства ќе бидат одобрени истиот ден.

За сите дополнителни информации и совети, можете да се консултирате со нашиот тим на советници на 13 333, или во некоја од нашите експозитури (видете мапа).

*Напомена: Оваа информација е од информативна и едукативна природа. Секој давател на платежни услуги има објавено Термински план за кредитни трансфери во земјата и странство. Советувајте се со давателот на платежни услуги каде имате платежна сметка, вклучително и за надоместоците поврзани со секој вид на кредитен трансфер.“

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...