Во рамки теренските посети, техничкиот Министер Ѓоко Велковски оствари посета на центрите за социјална работа во Прилеп и Крушево.
При посетата на Центарот за социјална работа Прилеп се разговараше и се разменија идеи како да го смениме и подобриме системот за социјална заштита. Детектирани се системски недостатоци како и во цела Македонија и тоа ќе биде приоритет за корекција во наредниот период. Центарот се соочува и со зголемен број на предмети и намален број на вработени.
Во крушевскиот центар разговаравме за актуелните состојби со исплатата на гарантираната минимална плата и просторите проблеми кои ги има центарот.
На средбите со пензионерите во Прилеп и Крушево беше истакнато дека за првпат по 1945 година излегоа на протести во градовите низ Македонија и го дигнаа својот глас за она што им следи како луѓе коишто ги ставиле темелите на оваа држава. Не се живее со 100 денари на ден – велат пензионерите.
„Несистемските мерки коишто на пензионерите им даваат