HomeОпштиниПрилеп: Работна средба за Локален акционен план за управување со отпад

Прилеп: Работна средба за Локален акционен план за управување со отпад

spot_img
spot_img

На ден 04.04.2024 година во Општина Прилеп се оствари работна средба во врска со Локалниот Аквионен План за управување со отпад. На средбата учествуваа меѓународен експерт за управување со отпад од Саллар, Шведска, Пеле Халберг и Бојана Станојевска Пецуровска – управител со отпад во САЛЛАР, координаторот на работната група од Општина Прилеп, Цветанка Николоска – ОИЖС на Општина Прилеп, членовите на работната група, ЈКП Комуналец Прилеп и претставници од правните субјекти: Прилепска Пиварница АД Прилеп, Мермерн Комбинат АД Прилеп, Печатница 11 Октомври Прилеп, Комфи Ангел, ВИК Македонија, Тутунски Комбинат Прилеп, ПИ Витаминка АД Прилеп и Гентерм и претставници од Општина Кривогаштани.


На средбата беа презентирни активностите од ЛАП за управување со отпад каде што е можна соработка на општината со засегнатите страни – бизнис секторот, а Пеле Халберг презетираше добри пракси во управувањето со отпад и бизнис секторот од Шведска. На работната средба се дискутираше и за потребата од меѓуопштинска соработка во управувањето со отпадот и важноста на регионалниот пристап кон управувањето со отпадот.

Извор: Општина Прилеп

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија