Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.
На фудбалското игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Миладиновци. Со реконструкцијата на игралиштето учениците од училиштето ќе имаат одлични услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.
Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.
Извор: Општина Илинден