Заврши првиот дел од реконструкцијата на улица ,,Кузман Шапкарев“ во Дексион.
Асфалтиран е потегот од крстосницата со ,,4 Јули“ до крстосницата со улица ,,Радушка“, изведена е атмосферска канализација, поставен е тротоар и електрична инсталација за нова линија на јавно осветлување.
Градежните работи за асфалтирање на потегот до ул ,,Ѓорче Петров“ ќе продолжат по 10 август.
Извор: Општина Ѓорче Петров