spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Наумоски се сретна со пливачите Крстевска и Цветковски

Ѓорче Петров: Наумоски се сретна со пливачите Крстевска и Цветковски

Градоначалникот Александар Наумоски оствари средба со пливачките надежи од Ѓорче Петров, Миа Крстевска и Стефан Цветковски.

-Пливачите Крстевска и Цветковски се ѓорчевска гордост на базените. Особено ми е драго кога млади како нив го насочуваат својот талент во правилна насока и работат напорно да ги постигнат целите. Двајцата пливачи изразија големо задоволство што Ѓорче Петров конечно добива затворен базен – рече Наумоски.

Миа е една од нашите најдобри пливачки. Како дел од репрезентација има настапено на медитеранско, балкански и европски младински првенства, како и на Младински олимписки игри. Има постигнато државни рекорди во повеќе возрасни категории. Стефан е носител на повеќе од 150 медали на меѓународни турнири и државен првак во неколку дисциплини.

Општина Ѓорче Петров во континуитет ги поддржува младите спортски надежи. Таа пракса ќе продолжи и понатаму.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...