spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: На 29 и 30 јули - прскање против комарци

Кочани: На 29 и 30 јули – прскање против комарци

На 29 и 30 јули (четврток и петок) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани, стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани ќе го спроведе четвртото превентивно терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци. 

В четврток, на 29 јули, од 5 до 8 часот  наутро, екипа на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведе втората фаза од авиотретирањето против комарци.

Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.

За третманите против комарците ќе се користат широкоспектарни инсектициди за третирање комарци одобрени од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...