spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од професионалната практика и за размена на искуства меѓу истражувачките и практичарите. Од следниот месец се овозможува осовременување на календарот за редовна имунизација со воведување деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9.

-Од четиривалентна преминуваме на деветвалентна, а како новина – ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата. Ова го постигнавме заеднички со МСД, се со цел да ги заштитиме нашите пациенти со инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии. Како Министерство за здравство ќе продолжиме и натаму во зајакнување на здравствениот систем и унапредување на превентивната здравствена заштита, рече министерот за здравство д-р Илир Демири во своето поздравно обраќање.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...