Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 524 635 МWh електрична енергија, 10 123 мил. нм3 природен гас, 254 036 тони јаглен и 76 769 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 53.1 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 89.90 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Извор: Државен завод за статистика