spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкција на водоводната мрежа во Стопански Двор

Град Скопје: Реконструкција на водоводната мрежа во Стопански Двор

Град Скопје продолжува со реализација на проекти од големо значење за водоснабдувањето на граѓаните. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид на работите за реконструкција на водоводната мрежа на улицата број 1, во скопската населба Стопански двор, во општината Горче Петров.

Со реконструкцијата на водоводната мрежа двојно се зголемиува профилот кон краците 1 и 2 на улицата број 1, во насока кон патот за Економија до станбената улица број 24.

Со реализација на оваа реконструкција се создадаваат услови за поквалитетно водоснабдување на жителите кој што живеат во поширокото подрачје на оваа скопска населба. Град Скопје и Јавното претпријатие Водовод и Канализација по реализација на оваа реконструкција продолжува со проектите за реконструкција на постојната водоводна и канализациона мрежа во Волково.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата За модерно Скопје за обновување на градската водоводна мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...