spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бележење на пешачки премини пред градинките и училиштата

Карпош: Бележење на пешачки премини пред градинките и училиштата

За поголема безбедност во сообраќајот Општина Карпош започна акција за повторно бележење на пешачките премини пред сите основни училишта и детски градинки кои се наоѓаат на нејзина територија.

Денеска комуналните екипи ја обновија сообраќајната сигнализација пред основното училиште „Братство“, детската градинка „Мајски Цвет“ и пред гимназијата „Нова“ во населбата Тафталиџе 1. Општината сака да го зголеми нивото на безбедност во сообраќајот особено околу воспитно – образовните институции. Притоа, Општина Карпош апелира и до лицата кои управуваат со моторни возила, да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат пропишаните правила за учество во сообраќајот.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...