spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Брвеница: ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

🌳🌿Општина Брвеница беше дел од најголемата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, во која учествуваа вработените од општинската администрација, јавното претпријатие, основните училишта, граѓани и здруженија.Оваа еколошка акција има за цел да се собере и селектира одпадот од јавните површини, да ја подигне свеста за правилно одлагање на отпадот и да ја поттикне одговорноста за здрава и чиста животна средина.


♻️За таа цел беа утврдени неколку локации за собирање на отпадот во: Брвеница, Д.Седларце, Г.Челопек, Стенче и Милетино.


🖼 Истовремено во училиштата се одржуваше еколошкиот натпревар за најдобар цртеж ГЕНЕРАЛКА АРТ,со кој нашите училишта ќе се натпреваруваат за освоена награда помеѓу 300 училишта вклучени во проектот.

🔊Во рамките на оваа еколошка акција а во соработка со НУЛА ОТПАД, беа поставени и контињери за собирање на електронски отпад во населените места. Апелираме поставената комунална инфраструктура да не се оштетува и во неа да се фрла оној вид на отпад за кој е наменета.
✅Грижата за здрава и чиста животна средина зависи од секој поединец, сите сме дел од проблемот но и дел од решението. Само со заедничко и одговорно однесување може да имаме здрава и чиста животна средина, која е наша заедничка потреба!

Facebook

Извор: Општина Брвеница

Прочитајте

МЕП: Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

0
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен...