HomeМинистерстваМНР: Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје

МНР: Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје

spot_img
spot_img

Во Министерството за надворешни работи, завчера, петти пат по ред, Политичките директори на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),одржаа состанок, во присуство на претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на Европската Унија.

Во фокусот на средбата беа подготовките за состанокот на Министрите за надворешни работи, што ќе се одржи во Скопје на 13 јуни, и во овој контекст, се работеше на предлог-текстот на Заедничката декларација, како финален акт на едногодишното Претседавање.

Исто така, се разгледаа и кандидатурите за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC), според Повикот кое го отвори нашето Претседавање, со цел да се избере нов Генерален секретар, на оваа автохтона и најстара регионална иницијатива.

Извор: Министерство за надворешни работи

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија