spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиПретседател: Давкова оствари телефонски разговор со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Претседател: Давкова оствари телефонски разговор со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Во разговорот беше потврдена посветеноста на двете држави за продлабочување на традиционалното партнерство, како и јакнење на регионалната соработка, при што претседателите оценија дека билатералните односи се пријателски, без отворени прашања, со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка.

Двајцата соговорници изразија подготвеност и за продолжување на соработката во рамките на НАТО, а претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.

Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Милановиќ разменија мислења за соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот.

Во разговорот стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Македонија, при што беше оценето дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и дека постои целосна подготвеност од двете страни за нивно дополнително унапредување.

Извор: Претседател на РСМ

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...