spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЦелосно ќе ги дигитализираме услугите на општините, нема повеќе уцени и злоупотреби

Целосно ќе ги дигитализираме услугите на општините, нема повеќе уцени и злоупотреби

Секој оној кој што работи чесно, вредно, посветено, реализиран проекти, исполнува реформи, тоа е вистинскиот патриот за Македонија бидејќи економски, стабилна и силна држава е патриотски јака и стабилна Македонија. Денеска тоа е правецот и тоа е концептот Македонија за сите луѓе, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Прилеп на која се промовираа нови политики од концептот Македонија за сите луѓе.

Претседателот Мицкоски истакна дека вториот проект е воведување на дигитализација на општините, додавајќи дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на време за граѓаните да чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Втората работа која што исто така сакам да зборувам, а делумно даде вовед и професорот Велинов, тоа е целосно дигитализирани во општината. Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“, истакна Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...