spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

Мицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

На прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на мини-шенгенот истакна дека алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои.

„Алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои. Секоја регионална иницијатива е добредојдена но тоа не смее да биде алтернатива. Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори. Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година следна таква можност е самитот кој што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема“,  истакна Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...