На 21.06. 2024 (петок) во раните утрински часови предвидено е прво авионско третирање на територија на општина Пробиштип.
Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Општина Пробиштип ги известува пчеларите да ги заштитат своите пчелни семејства, поради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето.
Извор: Општина Пробиштип