HomeОпштиниГази Баба: Постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица...

Гази Баба: Постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица од вчерашното невреме

spot_img
spot_img

Ги информирамe граѓаните на Општина Гази Баба дека по разговор на градоначалникот Бобан Стефковски со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме со постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица од вчерашното невреме кое ја погоди нашата општина.

Ги повикуваме земјоделците од Општина Гази Баба во период од 25.06 (вторник) до 01.07 (понеделник) во временски период од 08:00 до 16:30 часот да поднесат барање до архивата на општината за утврдување на штета, а во втората фаза комисија ќе излезе на увид со цел изготвување на записници и потоа доставување на предметите до Комисијата за проценка и утврдување на висина на штета од елементарни непогоди при Владата на Република Македонија.

На едношалтерскиот систем во општината е изготвен образец кој секој земјоделец може да го потполни и поднесе во архивата.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте