spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк...

Мицкоски: Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот, 20 % од целокупното производство на електрична енергија во земјава

Денес се одржа промоција на инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски;

„Почитувани претставници на Алказар Енерџи,

Почитувани претставници на дипломатскиот кор,

Почитувани гости од бизнис заедницата,

Почитувани медиуми,

Ми претставува особена чест да бидам денеска овде и на вториот работен ден од Владата  да присуствуваме на настан каде го означуваме почетокот со реализација на најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот.

500 милиони американски долари во инвестиција на парк на ветерници што ќе биде сместен помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип.

Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20тина проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Оваа инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања.

Ваков почеток на мандатот, со ваква инвестиција, покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните.

Со завршување на овој проект  дури 100.000 македонски домаќинства ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници.
Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти.

Со него ќе се зајакне значително енергетската независност, нешто што е наша цел, но исто така, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции.

Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме со зајакнато темпо да работиме.

Нашиот став е јасен – Мора да ја направиме енергетски независна. Кого зборувам енергетска независност, мислам енергетски независни од електрична енергија, бидејќи нормално е дека електричната енергија не е единствениот енергенс. Тука зборуваме за нафта, за гас итн. 

Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката каде верувам и знам дека ќе имаме голем напредок.

Планот го имаме, луѓето ги имаме, останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме.

Велат дека секој човек сонува за големи работи, а дека малку кој своите соништа ги креира во вистински проекти.

Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор.

Така и функционирам, така ќе функционира и оваа Влада.

Секој ден ќе работиме напорно за да ги оствариме нашите ветувања.

И затоа денеска сум навистина задоволен што Алказар Енерџи пред неколку недели успеа да ја затвори финансиската конструкција за изградба на најголемиот парк на ветерници во регионот.

Денеска е тука да ја промовира инвестицијата и ние како Влада ќе бидеме тука да помогнеме во нејзината реализација.

Од земја увозник, ќе повторам наша цел е да станеме и земја извозник на електрична енергија.

Реонот каде треба да се гради паркот на ветерници се наоѓа помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип каде потенцијалот за ваков тип инвестиција е голем. Овој тип на инвестиција не само што ќе додаден вредност врз македонскиот БДП, туку и значително ќе го подобри перформансот на локалната економија и економијата на целата држава.

Со оглед на обемноста на самиот проект, се очекува изградбата да започне во втората половина од 2025 година, како што можевте да слушнете од страна на инвеститорот.

Како што споменав, се предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија.

Само како илустрација, капацитетот на овој парк на ветерници е двојно поголем од капацитетот на производство на пример на ТЕ- ТО Скопје.

Како Влада имаме големи планови во делот на енергетиката, оваа инвестиција е само најава за тоа дека планираме вистински пресврт во овој сегмент.

Нормално, а не очекуваме чуда преку ноќ, чуда се невозможни, ние не сме чудотворци. Но, да очекуваме големи промени во следните години кои ќе нѐ направат енергетски независни.

Енергетската транзиција значи процес кој трае со децении, каде се вложува системски и треба да се има предвид состојбата во која се наоѓа една земја.

Зелената транзиција е нешто што ќе продолжи во комбинација со модернизација на досегашното производство.

На овој начин, системски и плански ќе дојдеме до целта  да станеме енергетски независни и од увозник да станеме нето извозник на електрична енергија.

Во овој процес имаме знаење, имаме најдобар тим во регионот и во тоа сум убеден, и не се сомневам дека ќе имаме одлични резултати.

Во вториот ден од мандатот инвестиција вредна пола милијарда американски долари.

Со вакви инвестиции правиме повеќе и ја враќаме државата кај народот.

За тебе!

За сите граѓани.

Македонија повторно твоја.“

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...