Имајќи го во предвид фактот дека надлежноста за просторно планирање е дел од активностите кои се спроведувааат во рамките на делокругот на Министерството за животна средина и просторно планирање, ја користиме оваа прилика да ја информираме пошироката јавност дека оваа надлежност и понатаму е дел од работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Истовремено, Ве информираме дека стручните служби во Министерството за животна средина и просторно планирање се во фаза на изработка на работна верзија на нацрт верзија на Закон за просторно планирање. Имено, Закон за просторно планирање е првиот самостоен Закон за просторно планирање во државата кој ќе ги дефинира целите, начелата и правилата за просторно планирање, учесниците кои работат во оваа област и кој треба да обезбеди одржлив просторен развој преку соодветно уредување на намената, користењето, организацијата и уредувањето на просторот на државно, регионално и локално ниво.
По финализирањето на нацрт-текстот, што се очекува да биде наскоро, следи спроведување на консултации со стручната фела, засегнатите страни и пошироката јавност, пред истиот да влезе во правно административна процедура за негово донесување.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање