HomeМинистерстваМЕП: Министерот Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Косово во Северна Македонија,...

МЕП: Министерот Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Н.E Флориан Чехаја

spot_img
spot_img

На 2 Јули 2024 годиниа, Министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Неговата екселенција Флориан Чехаја.

На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете земји, со фокус на соработката во рамки на ИПА програмата за преку – гранична соработка. Северна Македонија и Косово негуваат одлична соработка во рамки на оваа програма со вкупно 24 заеднички проекти имплементирани во рамки на ИПА 1 и ИПА 2, како и еден заеднички стратешки проект на граничниот премин Белановце – Станчиќ. Говорниците се согласија дека постои одличен капацитет за продлабочување на ваквата соработка во рамки на ИПА 3 програмата за преку – гранична соработка Северна Македонија – Косово преку соработка и заедничко аплицирање за проекти на партнери од двете држави, а во насока на надминување на заедничките предизвици и обезбедување подобри социо – економски услови на жителите во пограничниот регион.

Говорниците потврдија дека се подготвени одличната соработка да ја негуваат и продлабочат во периодот што претстои

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија