HomeМинистерстваМЕП: Министерот Муртезани оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во...

МЕП: Министерот Муртезани оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџаку

spot_img
spot_img

На 4 Јули 2024 година, Министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџаку.

Во фокусот на дискусијата беше статусот на евронтегративните процеси на Северна Македонија, како и активностите на УН агенциите во Северна Македонија и можностите за унапредување и продлабочување на соработката во насока на поддршка на реформските приоритети на земјата.

Министерот Муртезани се осврна на одличната соработка со агенциите на ОН, пред се интензивната соработка со УНОПС во спроведувањето на Нордиската иницијатива, со UN Women кои се активни во спроведување на голем број значајни иницијативи и проекти во Северна Македонија.

Министерот Муртезани и Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџаку се заложија за продолжување и продлабочување на партнерската соработка во периодот што претстои.

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија