На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на средства во износ од 3 милиони денари, за обештетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето и формирање на комисија која ќе ги утврди штетите од невремето.
Изминатите неколку денови општина Бутел беше зафатена од невремето каде што имаше поројни дождови и многу граѓани претрпеа штета во своите домови.
Наскоро, општина Бутел ќе го објави повикот и постапката на кој начин граѓаните ќе можат да поднесат барање за утврдување на штетите од невремето.
Градоначалникот истакна дека секогаш ќе изнајде начин и решение да им помогне на сите граѓани на општина Бутел.
Извор: Општина Бутел