spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаменик премиерот Фетаи беше домаќин на Постојаната координаторка на ОН во Република...

Заменик премиерот Фетаи беше домаќин на Постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македониј, Росана Дуџак

Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија , задолжен за  политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска беше домаќин на Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуксак, придружувана од нејзината советничка за човекови права, Татјана Темелкоска.

На денешната средба беше потврдена безрезервната поддршка на семејството на организации на ОН во спроведувањето на нивните четири стратешки приоритети: економија, социјален развој, животна средина и енергетика, а особено доброто владеење, како камен-темелник на одржливиот развој.

„Имав задоволство да и посакам добредојде на Постојаната координаторка на ОН, г. Росана Дуџак, придружувана од нејзината советничка за човекови права, г. Татјана Темелкоска. Во фокусот на разговорот беше секако нашата поддршка како институција на организациите на ОН во спроведувањето на нивните политики“, рече Фетаи.

По разговорот меѓу Фетаи и Дуџак, е договорено продолжување и продлабочување на одличната соработка со агенциите на ОН, кои се присутни во Северна Македонија, со цел да се забрза процесот на интеграција во ЕУ.

Извор: Влада

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...