spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на атлетска патека

Илинден: Изградба на атлетска патека

Општина Илинден отпочна со изградба на атлетска патека и трибина на веќе изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. Со завршување на градежните работи овој спортски комплекс ќе добие сосема нов лик кој веќе го носи името на прерано загинатиот бранител Драго Маневски.

Атлетската патека ќе биде со 4 патеки во вкупна должина од 200 метри, на којa ќе биде поставена најсовремена тартан подлога, ќе се гради бетонска трибина на која ќе бидат поставени 175 седишта, како и  ограда околу трибината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид на градежните работи и истакна дека работите се одвиваат според предвидената динамика. Тој додаде дека Општината е голем поддржувач на спортистите, а доказ за тоа се големиот број спортски натпревари, но и инвестициите кои ги прави Општината за создавање на соодветни, модерни спортски терени за нашите спортисти.

Спортски комплекс со атлетска патека за прв пат се гради во Општина Илинден, а по завршување на изградбата спортистите односно атлетичарите од Општина Илинден ќе имаат одлични услови за вежбање со цел остварување на големи успеси. Оваа атлетска патека ќе можат да ја користат и најмладите кои имаат афинитети кон атлетиката, но и оние посериозните, сениорите кои веќе се докажани и ќе ги развинаат своите атлетски способности за уште поголеми резултати, како во Македонија така и на странство.

Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте