spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Се усвои статусот на набљудувач во Меѓународната асоцијација на комесари за...

АПЈ: Се усвои статусот на набљудувач во Меѓународната асоцијација на комесари за јазици

Како дел од напорите за понатамошна професионализација во полето на официјалната имплементација на албанскиот јазик, Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) во март годинава поднесе официјално барање за членство во Меѓународната асоцијација на комесари за јазици (МАКЈ).

По состанокот одржан во април, предметното здружение едногласно го одобри статусот на АПЈ како член набљудувач меѓу комесарите за јазици, поканувајќи ја АПЈ да биде дел од конференцијата по повод десетгодишнината од основањето на МАКЈ).

Конференцијата се одржа денеска, а директорот Ардијан Муслиу им честиташе на комесарите за јазици, посакувајќи им добра работа во јазичната мисија и заблагодарувајќи им се што го одобриле статусот на набљудувач на АПЈ.

Презентацијата на агенцијата ја изврши службеникот Лирим Шаља, кој ги информираше останатите членови на здружението за Законот за употреба на јазиците и улогата на АПЈ.

МАКЈ е основана во мај 2013 година во Ирска од страна на комесари за јазици на повеќе земји во светот. Неговата улога е да ги поддржува и унапредува јазичните права, еднаквоста, јазичната разновидност и да им помага на комесарите за јазици да работат според највисоките професионални стандарди.

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...