Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со директорката на РеСПА г -ѓа Маја Ханџиска Трендафилова.
Министерот Минчев ја информираше директорката на РеСПА за приоритетните активности во новото МЈА. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка и идната подршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.
Директорката на РеСПА г-ѓа Трендафилова го информираше министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.
Имено, РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.
Министерот Минчев , се заблагодари на придонесот и подршката што РеСПА ја дава на нашата земја во клучните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина.
Македонија оваа година претседава со РеСПА.