HomeОпштиниЦентар: Средба со Министерството за животна средина, за да се излезе во...

Центар: Средба со Министерството за животна средина, за да се излезе во пресрет на петицијата потпишана од граѓаните на Капиштец

spot_img
spot_img

Со цел изнаоѓање решение за проблемот со бучавата во Капиштец одржавме координативна средба и со надлежните во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Разговараме за изнаоѓање долгорочно решение за проблемот со прегласната музика во локалите и дискотеките. Добивме неколку предлози и сугестии кои сериозно ќе ги разгледаме.

Иако со законското решение од 2021 година драстично се зголемија казните за прекумерната бучава угостителите повторно наоѓаат начин да го изиграат. Затоа се нужни подзаконски прописи и порестриктивни мерки за ваквите случаи. Токму ова се и барањата во граѓанската петиција до надлежните институции, која целосно ја поддржуваме и која ја образложивме на средбата.

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте