HomeМинистерстваМОН: Министерката Јаневска се сретна со Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство

МОН: Министерката Јаневска се сретна со Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство

spot_img
spot_img

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Н. Е. Метју Лосон, на која беше потенцирана досегашна успешна соработка помеѓу двете земји, како и поддршката која ја дава Британската влада во процесот на унапредување на националниот образовен систем.

Министерката Јаневска го информираше амбасадорот Лосон за приоритетите на  Владата во областа на образованието, потенцирајќи дека обезбедувањето квалитетна настава и учебници за сите ученици во основните и средните училишта е клучен фокус.  Напомена дека со импровизации не може да се обезбеди квалитетен образовен систем, подготвен да одговори на предизвиците на модерното време.

На средбата беше истакнато и досегашното стипендирање на студенти од земјава, преку Чивнинг стипендиите на Британската влада за кои постои огромен интерес кај македонските студенти.

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија