HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба игралиштето за баскет во Кадино

Илинден: Пуштено во употреба игралиштето за баскет во Кадино

spot_img
spot_img

Со засилено темпо Општина Илинден работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба реконструираното игралиште за баскет во населено место Кадино кое се наоѓа во непосредна близина на црковниот храм.

На ова игралиште за баскет извршено е обележување на теренот, нов кош, санирана е бетонската трибина, заштитната ограда, клупите за седење и поставено е целосно ново лед осветлување.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека и жителите од населеното место Кадино добија комплетно нов уреден спортски терен, со цел спортистите но и младите да имаат модерно место каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Играта на баскет односно уличната кошарка претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден, а со изградбата на спортските игралишта како што вели градоначалникот  Александар Георгиевски, Општина Илинден уште еднаш ја покажува поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството. Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија