spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Справувањето со вандализмот бара законски измени кои ќе ги предложиме до...

Центар: Справувањето со вандализмот бара законски измени кои ќе ги предложиме до Зелс

Вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем што мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија. После она што го видовме на снимките од игралиштето во Капиштец со право секој од нас ќе се запраша постојат ли казни или санкции за сторителите, а ако се тие малолетни, за нивните родители?

Затоа градоначалникот реши да покрене иницијатива, која ќе биде доставена и до Зелс. Го задолжи правниот сектор и секторот за јавни дејности да изготват предлог измени во законите од доменот на деца , родителството, основното и средно образование, малолетничката деликвенција, се со цел да се подигнеме свеста и да воведеме мерки за ресоцијализација на младите и нивните родители преку воведување општо корисна работа.

Агресивноста и девијантното однесување кај младите бара поширока кампања. За таа тема градоначалникот разговараше и со стручни лица, универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова и училишниот психолог Марија Блажева.

Се согласија дека е потребна општа мобилизација и работа не само со децата, туку и со родителите за да постигнеме резултати.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...