HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

spot_img
spot_img

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште во населено место Миладиновци, кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.

На игралиште целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено е ново лед осветлување, извршена е обнова на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, 40 метри пешачка патека по должина на целото игралиште, со што се доби комплетно нов лик на овој спортски терен во Миладиновци. Со реконструкцијата на игралиштето на  учениците од училиштето им се сосдадени одлични услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Општина Илинден ќе продолжи и во наредниот период со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија