HomeОпштиниГази Баба: Нова детска градинка, згрижени ќе бидат над 60 дечиња

Гази Баба: Нова детска градинка, згрижени ќе бидат над 60 дечиња

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски го поставија камен-темелникот за изградба на нова детска градинка во Трубарево во Општина Гази Баба.

На настанот по повод одбележувањето на изградбата на новата детска градинка во Трубарево, градоначалникот Стефковски посочи дека детската градинка ќе има капацитет да згрижи 60 деца и ќе се протега на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат три занимални за деца, административни простории и останати помошни простории. Тој додаде дека се работи за инвестиција со вкупна вредност од 19 милиони денари.

– Комплетно ја завршивме урбанистичко-планската и проектната документација за изградба на нови детски градинки во Инџиково и на потегот помеѓу Маџари и Керамидница и со истите ќе аплицираме за добивање поддршка од Владата. Со изградбата на овие детски градинки во Гази Баба нема повеќе да има дете кое ќе чека за упис во градинка, изјави Стевковски.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...