spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Ќе се одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на...

Илинден: Ќе се одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на Андријана Јаневска и Александар Тарабунов

На ден25.07.2024 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Настанот ќе се одбележи со музичко забавна програма со настап на македонските пејачи Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, како и настап на музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“. Во рамки на одбележувањето на настанот му претходи и крводарителска акција која ќе се одржи на 24.07.2024 (среда) во галеријата на Дом на култура „Илинден“ од 10:00 до 14:00 часот.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...