spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Размената на искуства за реализација на иновативни проекти е одлична можност...

МЛС: Размената на искуства за реализација на иновативни проекти е одлична можност за продлабочување на соработката

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска го прими градоначалникот на Лајонс, Илиноис, САД, Кристофер Гети.

Средбата беше искористена за размена на искуства за реализација на иновативни проекти на локално ниво.

Министерот Перински истакна дека Македонците во САД се важна алка за соработка и секоја можност за продлабочување на соработката на сите нивоа е исклучително корисна. 

Градоначалникот Гети истакна дека во Лајонс живеат околу 4000 Македонци, а неговиот мандат како градоначалник од 2009 година го одбележуваат и проекти за мултикултурализам и целосна интеграција во локалната заедница на припадниците на различните етнички групи.

На средбата се разговараше и за можностите за проширување на соработката на локално ниво. Притоа беше истакната потребата од размена на искуства за реализација на поголеми иновативни проекти, кои што имаат влијание на унапредување на условите за живеење во општините и кои што отвораат нови можности  за развој на локалните заедници и за граѓаните.

Министерот Златко Перински се заблагодари на градоначалникот Гети за можностите што ги имаат Македонците, кои што живеат во Лајонс, Илиноис, како и за неговата грижа за нивната интеграција во заедницата. Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од остварените контакти и од пројавените иницијативи за продолжување на соработката, која што има перспектива да се развива на различни нивоа и во различни области пред сѐ преку размена на искуства и добри пракси за реализација на капитални проекти.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

МФ: Димитриеска Кочоска – Да обезбедиме влез на поголем број учесници...

0
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со...