Класично говорење поезија и слемување како модерен правец беше дел од програмата на Велешко лето 2024. Четири средношколки кои два дена работеа под менторство на Даница И. Лепојевиќ и професорката Соња Карбева одлично се претставија пред публиката во кафе бар Тарантино и уште еднаш покажаа дека Велес од секогаш бил расадник на млади таленти. Поетскиот перформанс „Ритамот на зборот“ беше награден со аплаузи од публиката.
Велешко лето продолжува вечерва со стенд ап комедијата на Семир Гициќ од Србија во Амфитеатарот, со почеток во 21 часот.
Извор: Општина Велес