Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, Измена на Правилник за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1884/1 од 26.12.2023 год., а согласно Заклучокот од Советот на општина Радовиш за прифаќање на иницијативата за доделување на четири останати недоделени стипендии на ученици од основно образование на 5-то рангираните ученици/кандидати од 6-то до 9-то бр. 08-849/1 од 28.06.2024 год.и Записникот на Комисијата за доделување стипендии на општина Радовиш бр. 09-76/2 од 08.02.2024 год. со ранг-листа, Градоначалникот на општина Радовиш донесува,
Р Е Ш Е Н И Е
за доделување на дополнителни 4 (четири) стипендии на ученици во основното образование во Радовиш за учебната 2023/2024 год.
Член 1
Општина Радовиш дополнително доделува 4 (четири) стипендии – на 5-то рангираните ученици/кандидати од 6-то до 9-то за учебната 2023/2024 година, на:
- Антонио Алексовски, 6-то одд., ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Розита Јованова, 7-мо одд., ООУ „Никола Карев“
- Јасмина Манева, 8-мо одд. ООУ „Орце Николов“
- Јордан Трајков, 9-то одд. ООУ „Крсте П.Мисирков“
Член 2
Висината на стипендиите е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 3
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.
Изготвил : Игор Чапов
Одобрил : Весна Конзулова
Извор: Општина Радовиш